Истражувањата покажуваат дека спортувањето може да биде многу корисно

Истражувањата покажуваат дека спортувањето може да биде многу корисно во социјалното однесување, за подобар школски успех, за усвојување на моралните вредности и навики за здрав живот. 

Со учеството во спортот, а особено во тимските спортови, младите учат за тимска работа, лидерство, самодисциплина, одговорност, за толеранција, ги развиваат вештините за совладување на проблемите, спортот ги учи на истрајност, да почитуваат авторитет, да ги развиваат работните навики, спортот ги јакне нивниот карактер, самопочитување и самодоверба.

Истражувањата потврдуваат дека спортски активните деца имаат подобар успех на училиште, во развивање на социјалните вештини, повеќе се ориентирани на тимска работа и имаат подобра физичка активност.