Придобивки кои децата и младите ги имаат кога се занимаваат со спорт

Придобивки кои децата и младите ги имаат кога се занимаваат со спорт:

Физички благодeти

  • ги подобрува подготвеноста, силата, флексибилноста
  • го подобрува општото здравје и помага во контролата на телесната тежина
  •  ги развива моторичките способности
  •  формира здраво однесување кое ќе остане за цел живот

Социјални благодeти

  • ја развива комуникацијата и ги унапредува меѓучовечки односи
  • ги развива вештините за раководење и за соработка
  • развива вистински пријателства
  •  полесно ги прифаќа обврските и одговорностите
  • учи организациони вештини
  • спремност да дели сè со другарите
  • развива работни навики
  • спортско однесување, фер игра
  • учи како да се носи со проблемите

Лични благодeти

  • уживање и забава во држењето или на натпреварите
  •  ги зголемува самодовербата и самопочитта
  • ја подобрува способноста за концентрација и внимание, со што го олеснување постигнувањето на подобри резултати во школа
  • учи самодисциплина, истрајност и одговорност
  •  ги развива моралните доблести - почит, искреност, правичност, великодушност, почит кон другите
  • развива способност за резонирање и одлучување
  •  учи како да се носи детето со притисоци и со стресови
  • стекнува навики кои се врзани со здравјето, на пример, правилна исхрана, редовно вежбање
  • ја намалува веројатноста за создавање лоши навики, на пример, пушење, консумирање алкохол и дрога


Благодeти за родителите

Немаат корист само децата од спортувањето. Голема корист имаат и родителите. Еве некои од придобивките за нив:

  • се вклучуваат во животот на децата, така што со детето ги делат сопствените искуства
  • среќни се што децата, покрај тоа што се активни, се и здрави
  • во секој момент знаат каде им се децата, дека се на сигурно, под контрола на возрасни стручњаци, дека се безбедни
  • децата што спортуваат стекнуваат поголемо образование и имаат подобри школски оцени
  • помала е веројатноста, скоро минимална, децата што се занимаваат со спорт да тргнат по лош пат - цигари, алкохол, дрога
  • спортот помага во развој на навики за здраво однесување, кои овозможуваат поздрав живот
  • спортот е средства за превенција од асоцијални облици на однесување, како што се деликвенција, криминал, агресивност итн.

Поврзани блог статии