Препорачано

Од 5 до 9 годишна возраст е идеалниот период кога детето треба да почне да се занимава со спорт

Со децата треба да се работи уште кога тие се мали. Од 5 до 9 годишна возраст е периодот кога тие создаваат навики, работни навики преку кои подоцна си го олеснуваат животот. Во овој период децата имаат одлична мускулатура, еластични се лесно учат вежби, сакаат да имитираат и што е најбитно немаат страв. Ова е идеалниот период кога детето треба да почне да се занимава со спорт. Бидејќи на лесен начин ќе научи да создава работни навики. Сама по себе ќе дојде и дисциплината и ќе живее здрав начин на живот. Во денешно време ние се соочуваме со проблем што родителите немаат време за своите деца. Тие кога ќе се вратат од работа сакаат да се “ослободат” од своите деца и ги ставаат пред компјутер пуштајќи им игри кои не се за нивна возраст.

На децата на возраста од 5 до 9 години треба да им се постават критериуми за вистинскиот живот, тие треба да се наочуваат, а подоцна и да се мотивираат. Децата кои почнуваат да се занимаваат со спорт на оваа вредност побрзо се вклопуваат во општеството, даваат подобри резултати. Додека кај децата кои не се вклучени во спортот овие резултати изостануваат. Доколку детето се вклучи во спортот, тоа нема да има деформитети на рбетот, рамно стопало, прекумерна тежина. Ќе биде активно во секое поле на животот. Тоа во подоцнежните години нема да има проблем со зависностите како цигарите, дрогата, алкохолот, бидејќи е учено да живее дисциплинирано и да има своја идеологија.

Спортските тренинзи за децата играат голема улога. Покрај тоа што развиваат добра кондиција и физичка подготвеност, преку спортот учат да градат и доверба, започнуваат да имаат смисла за тимска работа, учат како да бидат дисциплинирани.

 

Поврзани блог статии