Помогнете им на децата да стекнат спортски навики

Општо е познато дека спортот е многу повеќе од стимул за правилен физички развој. Затоа е од пресудно значење детето навреме да го вклучите во некој вид на спорт. Експертите препорачуваат со физичка активност да се започне веќе од четири годишна возраст. Децата, особено помладите, сакаат да вежбаат, но тие се зависни од родителите, наставниците, воспитувачите, инструкторите кои би им помогнале да започнат со некој вид на вежбање. Затоа, тие се главната карика помеѓу детето и развојот на долгогодишна навика за вежбање.

Одвојте ги децата од компјутер или телевизор и објаснете им колку е важна физичка активност за нивното здравје. Физички неактивните деца често се болни, патат од прекумерна тежина, депресија и се склони кон ризично однесување како што се насилството, пушење и консумирање на алкохол или дрога.