Децата треба да спортуваат

Покрај тоа што развиваат добра кондиција и физичка подготвеност, преку спортот учат да градат и доверба, започнуваат да имаат смисла за тимска работа, учат како да бидат дисциплинирани.

Сепак, пред да го запишетет детето на некој спорт, секогаш постојат прашања од типот: “Кој спорт е најдобар за моето дете?“ Или “За кој спорт моето дете е створено?“.

Пронаоѓањето на правиот спорт за детето претставува вистински предизвик за секој родител.

Спортот е важен за психо-физичкиот развој, бидејќи децата малку време се во друга, освен во седечка положба.