Помогнете му на вашето дете да го одбере вистинскиот спорт

Во зависност од сопствените интереси, карактер и можности, секое дете може да се пронајде во различен спорт или спортска активност. Она што е важно е да му помогнете на вашето дете полесно да го направи тоа, воедно без да го притискате да се насочи кон одреден спорт кој сметате дека би му прилегал.

Децата понекогаш пробуваат и по неколку различни спортови, сè додека не го најдат оној вистинскиот што целосно ќе ги исполни со радост и ќе ги мотивира да напредуваат и да се надградуваат секојдневно. Затоа бидете трпеливи и охрабрете го вашето дете да го одбере спортот што со задоволство ќе го практикува и што ќе направи да се чувствува исполнето.