Спортувањето носи многу придобивки кај децата

Исто како правилната и здрава исхрана, физичката активност е подеднакво важна за развојот и здравјето на децата. Практикувањето на било кој спорт или физичка активност е есенцијално за нивното подобро и правилно растење и развивање. Здравствените придобивки од спортовите, како кај возрасните, така и кај децата се огромни и, оттука, голема предност е да се започне со физичка активност уште на рана училишна возраст.

Здравствени придобивки од спортување кај децата
  • здрави и цврсти мускули и коски;
  • помала веројатност за прекумерна тежина и искривување на ‘рбетот;
  • намалување на ризикот од заболување од дијабетес ;
  • одржување на нормален крвен притисок и холестерол во крвта.

Социјални придобивки од спортување кај децата
  • тимски дух;
  • почит кон врсниците;
  • поголема самодоверба;
  • полесна адаптибилност на различни средини;
  • подобра концентрација, организација, дисциплинираност. 

Препорачливи спортови и физички активности за деца
  • кошарка
  • фудбал
  • пливање
  • одбојка
  • ракомет
  • тенис
  • возење велосипед и ролерки
  • лизгање
  • трчање
  • пешачење и истегнување
Колку спортување е доволно спортување за децата?

Проблемот со неактивноста и постојаното седење е секојдневен проблем кај децата на предучилишна и училишна возраст. Имено, физичката активност и спортувањето се важни токму за тие да растат и да се развиваат правилно за во иднина да немаат проблеми со прекумерна тежина, искривувања на ‘рбетот, како за зголемувањето на флексибилноста на телото и зајакнување на коските и мускулите.
  • Предучилишна возраст - 2 часа, 60 минути планирана физичка активност, 60 минути слободна физичка активност.
  • Училишна возраст - 1 час или повеќе, различна физичка активност од по 15 минути.