Спорт Арена отвoри фудбалска школа во населба Автокоманда, општина Гази Баба – Скопје

Целта на школата ќе биде градење на спортската култура и спортскиот дух во македонскиот спорт  и ќе има посебни програми изработени од германски тренажни експерти (официјален скаут и тренер на ФК Келн и германски тренер со тренерска А лиценца) кои ќе бидат дел од редовниот процес, со специјални програми и спортски активности.

Спорт Арена ги известува сите заинтересирани таленти од 5-13 години кои сакаат да бидат дел од фудбалската академија, истите можат да се обратат на телефоните: 071/219-191 ; 072/222-858.

Со школата се создаваат извонредни можности за врвни спортисти какви што бара модерната технологија на спортот – тренирање секој ден во неделата, индивидуи со високи човечки квалитети и потенцијални интелектуалци кои не би требало да го запостават образованието посветувајќи се цел ден на спортот.

Со овој проект, Спорт Арена почнува да гради модел на спортисти препознатливи по начинот на игра. Младите таленти ќе бидат воспитани во духот на олимписките вредности и идеали, личности кои ќе знаат да почитуваат, да соработуваат и кои цел свој живот ќе постигнуваат успеси во секое поле. Наша заложба ќе биде тие да бидат дел од македонските национални репрезентации.

Спорт Арена ги известува сите заинтересирани таленти од 5-13 години кои сакаат да бидат дел од фудбалската академија да не исконтактираат.