Актуелно

Заврши третиот скаутинг камп во организација на Спорт Арена

Во спортскиот центар „Истатов” во организација на Спорт Арена успешно беше реализиран и третиот од неколкуте во план скаутинг тренинзи и кампови на ФК Келн во Македонија.

Скаутинг тренингот на општо задоволство помина во одлична атмосфера, со силно темпо на работа кое го наметна лиценцираниот германски тренер и скаут на Келн, Кристијан Купфер.



 

На овој скаутинг тренинг собир учествуваа фудбалери од различна возраст, работеа во групи и имаа можност да се запознаат со германскиот стил на работа, посебно на ФК Келн кој ја има една од најдобрите младински школи во Германија.

Повозрасните учесници на скаутинг тренинг кампот одиграа и една контролна средба против фудбалскиот клуб Дојранско Езеро.



„ Квалитетот беше одличен, тренинзите добро тематски поставени, па некои млади таленти успешно го покажаа својот квалитет и му се наметнаа на скаутот на ФК Келн. Од овој скаутинг камп двајца фудбалери му оставија посебен впечаток на скаутот Купфер“, информира организаторот на кампот.

Соработката на Спорт Арена и скаутот на ФК Келн ќе продолжи понатаму, организаторот најавува нов камп во зимскот период, веројатно во јануари следната година.