Скаутот на Келн се враќа во Македонија, ќе скенира во Дојран кај ,,Истатов”

Кога има плод и добра работа, а и добри играчки потенцијали, работата продолжува.

После двата тренинг кампови, првиот на терените на ФК Работнички и јануарскиот во Негорски Бањи, во прекрасни услови, Спорт Арена повторно организира скаутски камп во Дојран во спортскиот центар „Истатов“.

Од двата претходни кампови, двајца млади таленти од Македонија престојуваа во Германија. Прво талентираниот Илија Тилев (10), а потоа и перспективниот Мартин Мирчевски (17).

Третиот скаутинг камп во организација на Спорт Арена ќе се реализира во јуни во Дојран. Ќе се работи во две групи, во периодот од 19 до 25 –ти.

Кандидатите ќе бидат сместени во хотелот „Истатов“, а бројот на учесници ќе биде лимитиран на 60 фудбалери од група. Право на учество имаат фудбалери на возраст од 9 до 19 години.

На лиценцираниот скаутинг тренер од ФК Келн, Купфер, овој пат ќе му асистираат домашните тренери Раде Цицмиловиќ, Драган Стефановски, Тони Наумоски, Ванчо Тимов, Шерко Сулејмани и Арџент Беќири.

Домашните тренери кои ќе му асистираат на Купфер се дополнителен гарант за уште поквалитетна реализација на кампот. Раде Цицмиловиќ е докажан тренер и скаут за млади категории кој бележи значителни тренерски резултати, Драган –Гаге Стефановски е тренер на младите категории во ФК Металург, поранешен прволигашки фудбалер и подоцна тренер во Цементарница и Работнички. Арџент Беќири е актуелен асистент на селекторот на „А“ репрезентацијата на Македонија, Бошко Ѓуровски, Тони Наумовски е поранешен репрезентативец, сега сопственик на силната фудбалска школа Прилеп која изгнезди повеќемина сегашни прволигашки фудбалери, Шерко Сулејмани е успешен со фудбалската школа „Бешикташ“ во скопската населба Чаир, Ванчо Тимов е поранешен тренер на Гројтер Фурт со трисетгодишно тренерско искуство во Германија. Одбор тренери, за одличен камп.

Новитет во оваа сесија скаутинг тренинзи  е поделбата на учесниците во две групи за да се овозможи подетална и потемелна изработка на тренинзите поставени од скаутот на ФК Келн.

Цената за учество на кампот во Дојран кој обезбедува полн пансион за учесниците е 12 500 денари, а сите фудбалери од опрема ќе добијат дрес, шорцеви, штуцни, шише за течност, фудбалска топка, ранче за фудбал или копачки.

Тренинзите и стилот на работа на ФК Келн и сериозноста на претходните два скаутски кампови до сега наиде на силен одек кај младите фудбалери кои изразија задоволство и голем интерес за организираните кампови.

Рок на пријавувње до 10 јуни. Подетални информации може да добиете на телефоните: 070/ 611-236 ; 078/ 667-500

Уплатата на средствата за учество на скаутинг тренинзите се вршат на ДТУ “Спорт Арена” ДООЕЛ Скопје, жиро сметка 210-068421190192, депонент Тутунска банка.