Ресторан Тга за југ есенски шампион во ХФПЛ

Вчера вечер се одиграа натпреварите од последното коло  пред зимската пауза во Хоби Фер Плеј лигата.

Фудбалерите на Ресторан Тга за југ, со еден натпревар помалку (одложен) го заверија првото место на табелата по есенскиот дел, односно пред зимската пауза во единствената аматерска фудбалска лига во Македонија.

Екипата на Ресторан Тга за југ освои 42 бода, пет бода повеќе од второпласираниот.

На второ место заврши минатогодишниот шампион во Хоби Фер Плеј лигата, екипата на Уника Дизајн со освоени 37 бода, додека трет на табелата е екипата на Пирати Скопје со освоени 36 бода.

Последното коло во Хоби Фер Плеј лигата уште повеќе ја изедначи конкуренцијата за првите 8 места кои и впрочем водат до шампионската титула. На табелата е густо, вториот и седмиот се на само 5 бода разлика.

Во есенскиот дел од лигата беа одиграни доста интересени натпревари во кои имаше многу пресврти и победникот беше одлучуван буквално на самиот финиш од натпреварот, бевме и сведоци на многу возбудливи и интересни натпревари.

Уште еднаш се покажа дека Хоби Фер Плеј лигата не познава фаворизирани екипи и секоја од екипите може да извојува победа.