Одржан состанок по повод старт на пролетниот дел

Заврши зимската пауза за екипите, по тој повод беше одржан состанок на организаторите на Хоби Фер Плеј фудбалската лига со екипите учеснички во истата. Стартот на лигата е закажан за 12.03.2018 година.

Во име на ХФПЛ состанокот го водеа претседателот Влатко Тодев, генералниот секретар Васко Ивановски и Никола Ѓуровски преставник од порталот Екипа.мк.

На екипите им беше претставен календарот за натпревари кој во следните неколку денови ќе биде и објавен. Укажано беше на форматот за натпревари во ХФПЛ, потсетување на обврските за пролетниот дел во поглед на  финансии и правилата во лигата. 

За шампион на лигата во трка ќе влезат 8 - те најдобри пласирани екипи на табелата од регуларниот дел поделени во две групи.Првите две екипи од групите ќе влезат со блага предност од 3 бода и ке бидат носители на групите. По завршувањето на разигрувањето ќе следи популарниот Финал 4, на најдобрите четири екипи, по што ќе го добиеме шампионот во втората сезона на Хоби Фер Плеј Фудбалската лига.

Преставникот од Екипа.мк ја потврди соработката со ХФПЛ и најави дека во иднина сите случувања во лигата ќе бидат презентирани на нивниот портал.

Организациониот одбор на сите екипи им посакува многу успех во продолжение од вториот дел и фер плеј игра, впрочем како што е мотото на Хоби Фер Плеј фудбалската лига.