Интернационален фудбалски камп во Македонија!

Под покровителство на „Campus Experience Real Madrid Foundation“, ова лето во Скопје ќе се одржи првиот официјален интернационален фудбалски камп на „кралевите“.

Македонската компанијата „Спорт Арена“ потпиша договор во Мадрид како ексклузивен лиценциран партнер на „Campus Experience Real Madrid Foundation“ за организирање на интернационален фудбалски камп за деца од 7 до 17 години во Македонија. Кампот ќе се одржи во јуни во Скопје.

– Горди сме што успеавме да добиеме можност да станеме партнери на Campus Experience Real Madrid Foundation и да го организираме првиот фудбалски камп на „кралевите“ во Македонија. Тоа е голема работа и за нас како компанија, но пред се одлична можност за фудбалските вљубеници во Македонија. Младите ќе имаат можност за првпат, ексклузивно, да доживеат и искусат еден официјален камп на Real Madrid Foundation со тренери од Шпанија. Се разбира, оваа голема чест и привилегија е и голема обврска, и ќе мораме да ја оправдаме оваа доверба добиена од Campus Experience Real Madrid Foundation“. Наскоро, сите заинтересирани ќе ги добијат сите информации врзани за учеството на фудбалскиот камп“, изјави Влатко Тодев, претставник на компанијата „Спорт Aрена“, која се здоби со престижниот сертификат за организирање на официјалниот интернационален фудбалскиот камп на Real Madrid Foundation во Македонија.

vlatko todev hoakin sakes blesa

Во наредниот период, како промотер на првиот камп на Campus Experience Real Madrid Foundation, во нашата земја ќе допатува и Хоакин Сакес Блеса, извршниот директор, кој ќе го претстави на јавноста комплетниот проект што „белите“ ќе го донесат во Скопје.