Кожувчанка генерален спонзор на „Campus Experience Real Madrid Fundacion“

Особено ни значи кога сериозна и успешна компанија, во случајов една од најуспешните во Македонија, можеме да ја претставиме како дел од првиот интернационален фудбалски камп насловен „Campus Experience Real Madrid Fundacion“.
Поддршката од Кожувчанка е само доказ дека и ние се движиме во вистинската насока. Веруваме дека ова е почеток на една долга соработка, партнерство и пред се пријателство, кое сме сигурни дека постојано ќе се унапредува и кое ќе донесе многу нови моменти на заеднички успех и заедничка радост.

Една од главните одлики на Кожувчанка е тоа што како општествено одговорна компанија постојано се труди преку проекти и воедно како поддржувачи на вакви спортски настани, да го поттикне спортскиот дух. 

Секоја физичка активност мора да е надополнета со внес на потребното количество на вода и природни сокови која со своите единствени својства го освежува и хидрира телото. Водата и природните сокови како важен елемент за нашата физиологија мора да бидат квалитетни. За време на спортски активности, конзумирањето на вода, водата го забрзува метаболизмот, ја зголемува физичката енергија, значително ги топи масните наслаги ипомага во создавање на мускулна маса.



Во насока на здравиот живот со вежбање, сите учесници на фудбалскиот камп ќе имаат можност да се хидрираат и да ги надополнат изгубените количества на течности со производите на Кожувчанка.

Кожувчанка како долгогодишен спонзор на спортски настани во Македонија уште еднаш потврди дека е поддржувач на здравиот живот и спортски настани и се грижи за Вашето здравје.