Благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија

Компанијата Спорт Арена изразува отворена благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија за максималната кооперативност, комплетното вложување за успешна организација на настанот и на залагањата што ги прави за унапредување на младинскиот фудбал во нашата земја, со убеденост дека со сите искрени љубители на фудбалот заедно ќе уживаме на вистински фудбалски спектакл. 

Овој интернационален камп ќе се спроведе на фудбалските терени од тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Скопје е првиот град во регионот каде ќе се организира ваков престижен интернационален фудбалски камп со највисока репутација во светот, насловен „Campus Experience Real Madrid Fundacion“.