Изненадување на стартот, пораз на лидерот Т’га за Југ, и пробив кон врвот на Уника Дизајн

Почнаа возбудувањата во вториот дел од сезоната во Хоби – лигата во мал фудбал. И веднаш на стартот се случи големо изненадување. Пораз доживеа лидерот по есенскиот дел, екипата на Ресторан Т’га за југ, кој води на табелата со 45 бода. Но, сега Уника Дизајн се доближи на само два бода.

Т’га за југ ќе остане да тажи за поразот од Колид фудс (2-5) во 18.коло. Уника Дизајн се проби кон самиот врв со убедливиот триумф над Златна Копачка (1-6) во 19.коло. Ќе биде мошне интересно во понатамошниот дел од натпреварувањето во Хоби – лигата. Натпреварите продолжуваат в понеделник.




18 коло

Уника Дизајн – Аполо 8-2
Ресторан Тга за југ – Колид фудс 2-5 
Премиум Продукција – Златна Копачка – одложена дожд
Рисал – Пирати Скопје – одложена дожд

Спорт Арена – Хербалајф 1-2
Живот е циркуз Илинден – Автокоманда Изворска 5-6
Монико Форевер – Македонија 1-2
Пица 5 – Такт 3-0




19 коло

Пица 5 – Ресторан Тга за југ – одложена
Златна Копачка – Уника Дизајн 1-6 
Автокомадна Изворска – Монико Форевер 4-5
Спорт Арена – Премиум Продукција 3-4

Македонија – Живот е циркуз Илинден 1-2
Рисал – Хербалајф 3-0
Колид фудс – Пирати Скопје 4-5
Такт – Аполо 0-3