Придобивки од кампот на Реал Мадрид фондација

Македонија во јуни ќе влезе во семејството на Реал Мадрид фондацијата со ексклузивниот камп „Campus Experience“, кој за првпат ќе се организира во нашата земја. Компанијата „Спорт Арена“ ја доби можноста да биде лиценциран партнер на Real Madrid Fundation Campus Experience, а кампот ќе се одржи на терените на комплексот на ФФМ од 11 до 15 јуни.

Кампот ќе биде достапен за момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години. Плаќањата ќе бидат достапни на повеќе рати преку банкарски институции, а дополнително, партнерите на овој камп за секој учесник ќе обезбедат големи бенефити почнувајќи од спортска опрема (комплет од дрес, шорцеви, штуцни, капа, ранец и фудбалска топка), како и голем број ваучери, повластици и попусти за секој пријавен на кампот од страна на спонзорите.

Компанијата за спортска опрема „Мегаспорт“ ќе даде ваучери со 40% попуст во своите продавници, учесниците и нивните семејства ќе добијат попуст од 2.000 денари во туристичката агенција „Игуана Турс“, а првата приватна станица за технички преглед и регистрација на моторни возила „ПСС“ ќе овозможи ваучер од 1.000 денари за технички преглед.

Цената за учество на овој камп, кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни оваа година 18.990 денари за акредитација која му овозможува 8-10 часа (во зависност од временските услови) присуство на кампот во текот на денот (односно без сместување) или акредитација на 24 часа (при што се додадени и услугите за сместување, исхрана и трансфер) за цена од 26.990 денари.

Одреден е попуст за двајца или повеќе учесници од едно семејство, како и за учесници кои поседуваат членска карта на Реал Мадрид, членска карта на Мадридиста.

Во функција е телефонски број (078-462-622) за информации и пријавување за сите заинтересирани.

Пријавувањето се врши на официјалниот веб сајт на Фондацијата Реал Мадрид www.campusexperiencermf.com или во канцеларијата на бул. Александар Македонски бр.23 лок.10, која ќе биде отворена секој работен ден од 10-17 часот.

Последниот рок за пријавување е 25 мај 2018 година. Бројот на учесници е ограничен.