Следна прес - конференција „Real Madrid Fundacion Campus Experience“

Среда, 11 април во 13.00 часот, во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија, ќе се одржи прес-конференција предводена од г-дин Joaquín Sagués (Хоакин Сагес), Директор на Фондација Реал Мадрид Campus Experience и локалниот партнер, претставуван од г-дин Влатко Тодев, Директор на Campus Experience во Македонија. На оваа прес-конференција ќе бидат објавени сите детали за нивното претстојно партнерство.
 
Фокусот на оваа прес-конференција е преставувањето на Фондација Реал Мадрид Campus Experience, чија главна цел е доближување и поврзување на младите фанови со вредностите, дисциплината и тренинзите кои се составен дел на еден професионален тим.  Овој настан за првпат се случува во Македонија, а ќе се оддржи на терените на Фудбалската Федерација на Македонија, чии спортските услуги беа клучот за одржување на овој камп во Македонија. 
 
За време на прес-конференцијата, пред медиумите ќе бидат откриени детали поврзани со кампот, наменет за деца на возраст помеѓу 7 и 17 години, кои ќе тренираат и учат тактички и технички аспекти за фудбалот, а воедно ќе научат многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.