Хоакин Сагес Блеса: Благодарност до Владата на Република Македонија и агенцијата за млади и спорт

Директорот на Реал Мадрид Фондација Кампус Елсериенс г-дин Хоакин Сагес Блеса искажа јавна благодарност до сите што се вклучени во организација и реализација на фудбалскиот камп.

Во мое лично име и во име на македонската компанија Спорт Арена сакам да се заблагодарам на сите што се вклучени и помогаат во организацијата и реализација на фудбалскиот камп во Скопје.

Им се заблагодарувам на сите инволвирани поединци, институции и деловни субјекти, како и на вработените во компанијата Спорт Арена без чија посветеност и професионализам немаше да успееме да организираме еден фудбалски камп на високо ниво.

Сакам особено да се заблагодарам на Владата на Република Македонија и агенцијата за млади и спорт за укажаната доверба и поддршка во реализацијата. Во нив најдовме партнер кој посветено работи и ќе биде дел од организација на еден голем настан кој за прв пат ќе се одржи во Македонија.

Она што искрено посакувам е овој настан да биде голем дополнителен импулс и мотивација за развој на фудбалот во Вашата земја, за промовирање позитивни вредности во вашето општество за социјално и општествено вклучување.