Пријавување за учество на фудбалскиот камп

Се известуваат сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од фудбалскиот камп на Реал Мадрид Fundación Campus Experience од 11-15.06.2018 година (пет дена) да го запазат рокот за пријавување.

Преглед на програмата на кампот и пријавување за учество е на официјалната веб страна на Реал Мадрид Fundación Campus Experience https://campusexperiencermf.com/mk/македонија/
 или во седиштето на Спорт Арена ДООЕЛ, булевар Александар Македонски број 23 локал 10, ТЦ Естекад - Скопје. Телефон за контакт 078/462-622.

Кампот е достапен за момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години. Плаќањата ќе бидат достапни на повеќе рати преку банкарски институции, а дополнително, партнерите на овој камп Реал Мадрид Фондација за секој учесник ќе обезбедат спортска опрема (комплет од дрес, шорцеви, штуцни, капа, ранец и фудбалска топка)

Цената за учество на кампот, кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни оваа година изнесува 18.990 денари за акредитација која му овозможува 8-10 часа (во зависност од временските услови) присуство на кампот во текот на денот (односно без сместување) или акредитација на 24 часа (при што се додадени и услугите за сместување, исхрана и трансфер) за цена од 26.990 денари. Одреден е попуст за двајца или повеќе учесници од едно семејство, како и за учесници кои поседуваат членска карта на Реал Мадрид или членска карта на Мадридиста.


Овој интернационален фудбалски камп ќе се спроведе на фудбалските терени на ФФМ, тренинг – центарот „Петар Милошевски“.

Согласно стандардите на Реал Мадрид Фондацијата, на кампот ќе има исклучиво шпански тренери и на секои 20 учесници во група ќе има по еден тренер. Дополнително, во рамки на едукацијата ќе учествуваат и други предавачи, како од Шпанија, така и од Македонија. Дел од планот се и монитори кои ќе го организираат слободното време на учесниците меѓу тренинзите.


Поради однапред утврден план за тренинг од страна на Реал Мадрид Fundación Campus Experience и нарачка на спортска опрема која им следува на сите учесници на кампот пријавувањето ќе трае најдоцна до 29 Мај.

Заради лимитиран број на учесници на фудбалскиот камп, доколку бројот на пријавени учесници го надмине бројот, ќе се примени правилото на редослед на пријавување, резервирање  и уплата се до пополнување на дозволениот број на учесници.