Пријавување за учество на фудбалскиот камп до 7 Јуни

Се известуваат сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од фудбалскиот камп на Реал Мадрид Fundación Campus Experience од 11-15.06.2018 година (пет дена) да го запазат рокот за пријавување.

Преглед на програмата на кампот и пријавување за учество е на официјалната веб страна на Реал Мадрид Fundación Campus Experience https://campusexperiencermf.com/mk/македонија/
 или во седиштето на Спорт Арена ДООЕЛ, булевар Александар Македонски број 23 локал 10, ТЦ Естекад - Скопје. Телефон за контакт 078/462-622.

Кампот е достапен за момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години. Плаќањата ќе бидат достапни на повеќе рати преку банкарски институции, а дополнително, партнерите на овој камп Реал Мадрид Фондација за секој учесник ќе обезбедат спортска опрема (комплет од дрес, шорцеви, штуцни, капа, ранец и фудбалска топка)

Цената за учество на кампот, кој ќе се одржи од 11 до 15 јуни оваа година изнесува 18.990 денари за акредитација која му овозможува 8-10 часа (во зависност од временските услови) присуство на кампот во текот на денот (односно без сместување) или акредитација на 24 часа (при што се додадени и услугите за сместување, исхрана и трансфер) за цена од 26.990 денари. Одреден е попуст за двајца или повеќе учесници од едно семејство, како и за учесници кои поседуваат членска карта на Реал Мадрид или членска карта на Мадридиста.


Овој интернационален фудбалски камп ќе се спроведе на фудбалските терени на ФФМ, тренинг – центарот „Петар Милошевски“.

Согласно стандардите на Реал Мадрид Фондацијата, на кампот ќе има исклучиво шпански тренери и на секои 20 учесници во група ќе има по еден тренер. Дополнително, во рамки на едукацијата ќе учествуваат и други предавачи, како од Шпанија, така и од Македонија. Дел од планот се и монитори кои ќе го организираат слободното време на учесниците меѓу тренинзите.


Пријавувањето ќе трае најдоцна до 7 Јуни.

Заради лимитиран број на учесници на фудбалскиот камп, доколку бројот на пријавени учесници го надмине бројот, ќе се примени правилото на редослед на пријавување, резервирање  и уплата се до пополнување на дозволениот број на учесници.