Доделена наградата бесплатно учество за фудбалскиот камп

Во пресрет на фудбалскиот камп на РЕАЛ МАДРИД Fundacion Campus Experience кој ексклузивно за прв пат ќе се одржи од 11-15.06.2018 година во Скопје, организаторот на кампот, Спорт Арена преку социјалната мрежа Фејсбук органзираше наградна игра.

Наградната игра почна на 3 мај и траеше до 25 мај оваа година, а можност за учество имаа сите заинтересирани за учество на кампот. 

Преку апликацијата random.org, по случаен избор беше избран добитникот на наградата бесплатно учество на фудбалскиот камп.

Добитник на наградата е Теодор Ѓоргиев од Пехчево.


Му честитаме на среќниот добитник и му посакуваме да ужива во наградата заедно со своето семејство!