Стартуваше првиот фудбалски камп на Реал Мадрид Fundación Campus Experience

За првпат македонската метропола ја има честа да биде домаќин на фудбалскиот камп на Фондација на Реал Мадрид. Од денеска, па до 15 јуни, на комплексот во Куќата на фудбалот, повеќе од стотина момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, ќе бидат учесници на кампот кој е во организација на компанијата „Спорт арена“.

На денешното свечено отворање присуствуваа претставници на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Фудбалската федерација на Македонија и секако најповиканите, младите фудбалери кои во наредните пет дена ќе го искусат Campus Experience Macedonia.
Во прилог фотогалерија од свеченото отворање и првиот ден од фудбалскиот камп.

Галерија