Заврши кампот на Реал Мадрид фондација во Скопје

Скопје и Македонија за првпат беа домаќини на „кралски камп“. Фудбалскиот камп на Реал Мадрид фондација во изминатите пет дена се одвиваше на комплексот на ФФМ, а преку стотина дечиња и девојчиња од 7 до 17 години имаа можност да го доживеат „кралското“ секојдневие.

Тренинзи, фудбалско уживање и секако незаборавно доживување ќе понесат учесниците на овој камп по неговото завршување. На крајот сите добија непроценливо искуство, мигови што засекогаш ќе ги паметат и официјални сертификати дека биле дел од првиот камп на Реал Мадрид фондација на територијата на Македонија.