Неверојатното „кралско“ доживување во Скопје

Македонија и главниот град Скопје имаа ексклузивна можност од 11 до 15 јуни да бидат домаќини на првиот „Campus Experience Real Madrid Fundation“. Лиценцираниот партнер од оваа земја „Спорт арена“, се погрижи за одлична организација, а повеќе од 100 деца, момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 17 години имаа можност да го доживеат неверојатното искуство.



Навлегување во фудбалските тајни со помош на менторите од Шпанија, но и учење на вистинските животни вредности и доживување на детските фантазии, исполнување на сонот, да тренираат во дресот на Реал Мадрид Фондација.

Резимето носи измешани чувства на гордост, радост, среќа, но и буди нова фудбалска магија за ново фудбалско доживување што, се надеваме, треба да се случи многу брзо, за продолжување на сонот и надградување на првичното искуство.