Избран победничкиот тим на ИутеКредит

По објавениот повик за пријавување за учество на фудбалскиот камп во организација на Real Madrid Foundacion Campus Experience во Македонија, кој траеше 10 дена, ИутеКредит како спонзор на настанот и организаторот конечно имаа чест јавно да го претстават тимот.

Добитничкиот тим од 11 деца, на кои ИутеКредит им додели ваучери за учество на вториот камп кој ќе се одржи во Охрид од 14-18 јануари, го сочинуваат кадидати кои покажаа особен талент за фудбалот, одличен успех на училиште и реално потреба од ваква помош за реализација на својот сон.

Тој тим кој ги заслужва сите честитки го сочинуваат:

1. Христијан Јовановски од Фудбал Старс, Кочани
2. Кристијан Штрков од ФК Форца, Штип
3. Ѓорги Цанев од ФК Брегалница, Штип
4. Давор Матевски од ФК Кичево, Кичево
5. Христијан Чолаков од ФК Мондано, Скопје
6. Стефан Јовановски од Скопје, Скопје
7. Давид Мирчевски од ФК Вардар, Скопје
8. Дарија Стојчевска од Топ Гол, Битола
9. Анастасиа Илевски од Топ Гол, Битола
10. Софија Петровска од Топ Гол, Битола
11. Давид Василевски од Вардар, Скопје

Со оваа активност ИутеКредит како општествено одговорна компанија има за цел да допринесе за развој на спортот кај младата генерација со основна цел за понатамошно насочување и професионална заинтересираност за фудбалот.