Информација за сите учесници на Real Madrid Fundacion Campus Experience

Драги наши мадридисти
 
Организаторот на вториот фудбалски камп Real Madrid Fundacion Campus Experience Macedonia Ве информира околу организирање на превозот на учесниците на кампот кој ќе се одржи од 14-18 јануару во Хотел „Аквалина“ Охрид. Имено, поаѓањето на учесниците ќе се одвива по следна динамика.
 
Скопје:
СЦ Борис Трајковски  06:00ч.

Тетово:
Прва патарина Тетово – Гостивар 07:15 ч.

Гостивар:
Последна патарина Гостивар 07:40 ч.

Кичево:
Лукоил бензинска 08:40 ч.

Штип:
Пред нова пошта, наспроти стадионот 06:00 ч.

Велес:
Лукоил бензинска  06:30 ч.
 

Воедно ве информираме со вас да понесете:
 
- Покрај опремата која ја доделува кампот за тренинг, со Вас понесете тренерки, хеланки за тренинг
- Маички
- Копачки за на трева
- Патики за во сала
- Зимска јакна
- Прибор за лична хигиена
- Ранец
- Здравствена книшка
- Шал, капа, ракавици
- Чорапи и долна облека,
- Зимски обувки
 
За повеќе информации околу распоредот на поагање или информации за кампот можете да се обратите на нашиот меил macedonia@campusexperiencermf.com или на телефонските броеви: 071 219 191 и 071 330 529