Тимот на Неуромедика на терен со фудбалерите

Медицинскиот тим на "Неуромедика" составен од д-р Атанас Василев спец.физијатар и Филип Угриновски физиотерапевт беа задолжени за здравственото обезбедување на нашите "мадридисти".
Ниските температури не беа пречка секојдневните активности да течат во најдобар ред, а секој тренинг беше под медицински надзор на тимот од "Неуромедика".



Според д-р Василев децата се со добро здравје, енергични, мотивирани и полни со желба освен фудбал да научат и нешто ново за превенциите од повреди односно колку е потребно и битно истегнувањето и загревањето пред почеток на физичката активност. Радува фактот што тимот на "Неуромедика" немаше многу работа и интервенции на кампот.



На секое дете пред доаѓањето во Охрид му беше направен медицински преглед кој се состоеше во проверка на кардиоваскуларниот систем, стрес тест и крвна слика.
Со своето учество како партнер на кампот на Реал Мадрид Фондација првата приватна медицинска устснова во Македонија ја продолжува општествената одговорност која е дел од нејзиното секојдневие.