Со автобусите на Еуро Турист Гостивар децата беа безбедно превезени на кампот на мадридистите

Децата од Македонија кои беа дел од кампот Реал Мадрид Фондација патуваа со реномираната компанија "Еуро Турист Гостивар".
На 14 јануари без оглед на местото на живеење автобусите на нашиот партнер Еуро Турист Гостивар секое дете го донесоа во Охрид и по завршување на кампот го вратија дома. Не случајно партнерството е со овој превозник бидејќи безбедниот транспорт на нашите кампери ни е на прво место.
Овој препознатлив бренд во транспорт на патници години наназад ја потврдува својата професионалност во работењето.
Верификација за тоа е довербата од огромниот број на клиенти кои за да стигнат до своите дестинации ги одбираат токму " Еуро Турист", чии возен парк е составен од автобуси кои се опремени според сите европски стандарди. Освен редовниот превоз кон одредени дестинации "Еуро Турист" нуди индивидуални и групни еднодневни и повеќе дневни екскурзии во и надвор од земјата .