Реал Мадрид Фондација со нов голем проект во Македонија

По незаборавните доживувања со Real Madrid Foundation Campus Experience во Скопје и во Охрид, следи нов проект во Македонија, наменет за соработка со фудбалски клубови, наречен „Real Madrid Foundation Clinic“. Во него оваа година ќе бидат вклучени македонскиот прволигаш Работнички и второлигашите Кит Го и Тиквеш.   
   
Фудбалските кампови на Реал Мадрид Фондација Клиник нудат уникатна и возбудлива можност да се доживее специјализирана фудбалска обука.
        
Младите фудбалери од македонските клубови ќе добијат фантастична можност да ги подобрат фудбалските вештини според принципите на Реал Мадрид Фондација Клиник. Тренерите од фудбалските клубови и школи ќе работат според уникатниот пристап и методите за обука на Реал Мадрид Фондација Клиник.
 
Освен проектот Клиник во соработка со фудбалските клубови Работнички, Кит Го и Тиквеш кои ќе се реализираат од 17.06 - 21.06.2019, ќе се реализира и веќе добро познатиот Кампус Експериенсе кој ќе се реализира во Хотел Бистра Маврово од 17.07 - 21.07.2019 година.