За Хоби Лига

Хоби фер плеј лигата  е организирана од страна на Спорт Арена ДООЕЛ Скопје.

За првпат во Македонија стартува ваков формат на натпреварување на аматерските екипи кои рекреативно се занимаваат со мал фудбал.  Натпреварувањето е замислено како пред се како дружење и забава, во организиран систем на натпревари.  Во прв план ни е почитување на фер-плејот и правилата на Хоби фер плеј-лигата.

Тимот на Хоби фер плеј-лигата ќе се потруди да ги овозможи сите услови за непречено натпреварување, а на екипите останува да ги покажат своите фудбалски вештини во духот на фер-плејот и меѓусебното почитување.